Samsung Galaxy Nexus промовиран во Македонија

Bez autora
Feb 08 2012

Вип операторот и Самсунг во Скопје го претставија новиот "смарт" телефон Samsung Galaxy Nexus, само неколку месеци по светската премиера. Самсунг работеше непосредно со Гугл, за да ги создаде иновативните Галакси паметни телефони и таблет-компјутери и одигра клучна улога во поддршката Андроид да стане најбрзорастечки оперативен систем во светот. Убедени сме дека Samsung Galaxy Nexus ќе донесе понатамошни иновации на Андроид платформата и ќе придобие силно и успешно прифаќање од страна на пазарот. Според главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев, една од насоките за развој на компанијата е токму во вакви паметни телефони кои што нудат многу повеќе придобивки за корисниците. Вип оператор донесе многу новини на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Почнувајќи најпрво од цените, при што може да се нарече предводник на либерализацијата на пазарот.

Samsung Galaxy Nexus промовиран во МакедонијаВип операторот и Самсунг во Скопје го претставија новиот "смарт" телефон Samsung Galaxy Nexus, само неколку месеци по светската премиера.

- Самсунг работеше непосредно со Гугл, за да ги создаде иновативните Галакси паметни телефони и таблет-компјутери и одигра клучна улога во поддршката Андроид да стане најбрзорастечки оперативен систем во светот. Убедени сме дека Samsung Galaxy Nexus ќе донесе понатамошни иновации на Андроид платформата и ќе придобие силно и успешно прифаќање од страна на пазарот - изјави Томислав Димитров, продукт менаџер, Samsung Electronics.

Според главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев, една од насоките за развој на компанијата е токму во вакви паметни телефони кои што нудат многу повеќе придобивки за корисниците.

- Вип оператор донесе многу новини на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Почнувајќи најпрво од цените, при што може да се нарече предводник на либерализацијата на пазарот - истакна Љушев.

Тој нагласи дека Samsung Galaxy Nexus е водечки паметен телефон со извонредни технички карактеристики и воодушевувачки дисплеј. Новиот телефон, кој е веќе достапен во продажните салони на Вип оператор, се нуди за нула денари во пост-пејд тарифниот модел Вип смарт 2.990 плус Вип сурф 1 гигабајт. Цената само на телефонот изнесува 32.999 денари.

Со пазарен удел од 25 проценти на мобилниот пазар во Македонија, директорот Љушев е задоволен од исклучително добрите резултати и вели дека стратегијата што ја спроведуваат и носи резултати, нема да се менува.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik